На Западот ништо ново. Голден стејт експресно го „сомле“ Сан Антонио, победувајќи во четвртиот меч од финалето на Западната конференција со 129-115, и третпат едноподруго се пласираше во големото финале на НБА лигата.
Стеф Кари постигна 36 поени, а Голден стејт сруши и нов рекорд – прва екипа која во големото финале влегува со 12-0 во плејофот.
Голден стејт водеше и 22 поени разлика на мечот, не дозволувајќи во ниту еден момент победата да биде доведена во прашање иако Сан Антонио водеше нешто малку на почетокот. Без Тони Паркер, Каваи Леонард и Дејвид Ле, дефинитивно Сан Антонио не можеше ништо да направи.
Овации, сепак, доби Ману Џинобили кој се уште не знае дали ќе игра и следната сезона. Џинобили сезоната ја заврши како 24-ти кошаркар во историјата кој постигнал 3000 поени по завршувањето на регуларниот дел. Моментално е на 3009 поени во 15 сезони, а играл плејоф во секоја сезона од својата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)