– Апелационата комисија на ФИФА под претседателството на Лери Масенден и во полн состав, ги отфрли жалбите на Сеп Блатер и Мишел Платини, кои беа поднесени за привремена суспензија наметната од Комисијата по етика на Светската фудбалска федерација, се вели во соопштението на Апелационата структура.
– Апелационата комисија ја потврдува одлуката на Комисијата за етика на ФИФА, во однос на решенијата против Блатер на 7-ми октомври и против Платини на 20-ти октомври. Во исто време прецизираат дека постапката за истрагата за двајцата продолжува и наскоро може да биде донесено решение за потврдување на оваа казна, за продолжување или за прекинување на истрагата. Сега двајцата водечки фудбалски функционери имаат право на жалба за оваа одлука пред Арбитражниот суд во спортот во Лозана – стои во официјалната изјава.
Блатер беше симнат од функцијата претседател само три дена по изборот, во месец мај оваа година. Мишел Платини пак, нема да има пристап до изборите на 26-ти февруари за наследник на Блатер, барем додека не стане јасно дали е виновен за случајот за корупција. Платини е обвинет дека добил 2 милиони швајцарски франци, како консултант на ФИФА за Светското првенство во 2002-та година во Јужна Африка, а Блатер му ги превел 9 години подоцна, без сметководствено покритие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.