| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков го повикува Спасовски да ги почитува судските одлуки (Видео)

cavkov-izjava
Скоро една недела откако Вишиот управен суд донесе одлука со која ги отфрли жалбите на Фросина Ременски и Оливер Спасовски по времените мерки донесени од Управниот суд за незаконските смени, техничките министри целосно ги игнорираат истите, анализира Канал 5. Станува збор за 41 одлука кои се однесуваат на незаконските разрешувања во двете министерства. 29 се однесуваат на решенија за противзаконски разрешувања во МВР, а 12 на разрешувањата во МТСП. Заменик министерот за внатрешни Чавков рече дека добиле 29 решенија за времени мерки кои се потврдени од Вишиот Управен суд.

-Во однос на тие решенија деновиве очекуваме и правосилност. Остануваат уште 4 тужби за три веќе имаме првостепена одлука на Управниот суд, а за другата постапката се уште е во тек -вели заменик министерот за внатрешни работи Чавков.

Чавков е убеден дека сите 33 распоредувања во МВР биле според политички заслуги, а не според систем на кариера и остварување на резултати во работењето и очекува Спасовски да ги корегира своите, како што вели, незаконски одлуки.

-По воведување на времената мерка Спасовски ги игнорираше овие судски одлуки продолжи со промените и незаконски распоредувања кои во перцепцијата на секој професионалец во МВР е јасно дека е политички мотивирано, дека тоа се познати активисти на СДСМ кои во својата работна кариера не направиле ништо посебно на професионален план. Со оглед на тоа дека очекуваме правосилност на решенијата задолжитено е спроведувањето на судската одлука и очекувам Спасовски да има доблест да ги корегира своите незаконски одлуки- истакна Чавков.

Иако замениците министри Митко Чавков и Диме Спасов ги известија вработените дека треба да се изврши примопредавање на работните простории, материјално-техничките средства и документацијата, техничките министри Ременски и Спасовски за време на гостувањата во Канал 5 негираа дека имаат намера да ги спроведат судските одлуките, иако се свесни дека со тоа го прекршуваат Кривичниот законик.

Согласно членот 337 од Законот за неизвршување на судска одлука се предвидува затворска казна од 3 па дури до 10 години, доколку со ваквото кривично дело се предизвика потешка повреда на правата или значителна имотна штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top