| четврток, 6 декември 2018 |

На ред e априлскиот народен извештај

Во го­ди­на­та на сво­ја­та нај­го­ле­ма кри­за од 2001 го­ди­на на­ва­му, Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но до­би пре­по­ра­ка за по­че­ток на пре­го­во­ри­те со ЕУ. Да­ли е таа ус­ло­ве­на, ре­зер­ви­ра­на или од­ло­же­на, не е важ­но. Важ­но е де­ка ЕУ сме­та де­ка Ма­ке­до­ни­ја е под­го­тве­на да за­поч­не пре­го­во­ри за членс­тво. Она што е уште по­важ­но е што по до­бро ор­га­ни­зи­ра­ни из­бо­ри во април и по спро­ве­ду­ва­ње на ба­ра­ња­та на Бри­сел, мо­же­ме да оче­ку­ва­ме ЕУ ко­неч­но да приз­нае де­ка мно­гу згре­ши­ла во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја и де­ка ќе ја ис­пра­ви гре­шка­та

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

По­ра­ка­та на Јо­ха­нес Хан, кој во Европ­ска­та ко­ми­си­ја е ди­рект­но од­го­во­рен за про­ши­ру­ва­ње­то, спо­ред ко­ја ЕУ за Ма­ке­до­ни­ја има под­го­твен мор­ков за мај, е нај­важ­ни­от по­да­ток во це­ли­от па­кет ин­фор­ма­ции по­вр­за­ни со го­ди­неш­ни­от из­ве­штај. Спо­ред Хан, до­кол­ку сѐ оди ка­ко што тре­ба, и Европ­ска­та уни­ја ќе мо­ра да ис­по­ра­ча не­што. Уме­ре­ни­от Ав­стри­ец во­оп­што не е на­и­вен по­ли­ти­чар и дип­ло­мат, тој знае де­ка до­кол­ку до април би­дат спро­ве­де­ни си­те до­го­во­ре­ни пра­ша­ња од па­то­ка­зот, а не­ма при­чи­на тоа да не би­де сто­ре­но ка­ко што се слу­чи, на при­мер, во те­кот на При­стап­ни­от ди­ја­лог на ви­со­ко ни­во (ПДВН), Хан ќе би­де под ра­фал­на стрел­ба од ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми.

Иа­ко Хан не откри­ва што е тоа што мо­же да го ис­по­ра­ча ЕУ, јас­но е де­ка се ра­бо­ти за не­што што до­се­га Ма­ке­до­ни­ја го не­ма­ла. Хан знае де­ка до­би­ва­ње на уште ед­на пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри не е до­вол­но до­бар мо­тив ни­ту за ма­ке­дон­ска­та јав­ност, ни­ту за пар­ти­и­те, ни­ту за по­ли­ти­ча­ри­те, иа­ко ним и не им тре­ба по­себ­на мо­ти­ва­ци­ја за да ја вне­сат зем­ја­та во ЕУ. Тоа би мо­же­ло да зна­чи де­ка во Бри­сел на ви­со­ко ни­во се раз­го­ва­ра или за до­би­ва­ње на да­тум за пре­го­во­ри кон кра­јот на 2016, па ма­кар тој бил ус­ло­вен, или за не­ка­ква но­ва фор­ма на пре­го­во­ри во рам­ки­те на Европ­ска­та ко­ми­си­ја по ур­не­кот на ПДВН, ка­де што Гр­ци­ја не­ма да мо­же да бло­ки­ра.

 

И Хан се нај­де во не­бра­но

И го­ди­на­ва, ка­ко и шест го­ди­ни прет­ход­но, Европ­ска­та ко­ми­си­ја се на­о­ѓа во не­за­вид­на по­лож­ба при оце­ну­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја. И Хан, ка­ко и не­го­ви­те прет­ход­ни­ци Оли Рен и Ште­фан Фи­ле, ма­ка ма­чат ка­ко да нај­дат ви­стин­ски ре­че­ни­ци со кои ќе ја за­до­во­лат Ма­ке­до­ни­ја, ќе го спа­сат обра­зот на Европ­ска­та уни­ја ко­ја е свес­на де­ка пре­го­во­ри­те не за­поч­ну­ва­ат са­мо по­ра­ди не­ра­ци­о­нал­на­та по­зи­ци­ја на неј­зи­на­та член­ка Гр­ци­ја и во исто вре­ме, да не ја на­лу­тат Ати­на. Во Бри­сел на си­те им е јас­но де­ка Ма­ке­до­ни­ја уште пред две го­ди­ни тре­ба­ше да за­поч­не пре­го­во­ри за членс­тво и де­ка грч­ко­то ве­то мо­же да до­не­се ва­ков раз­вој на на­ста­ни­те. От­ту­ка, иа­ко пре­по­ра­ка­та е ус­ло­ве­на, ако се чи­та вни­ма­тел­но ќе се нај­дат мно­гу еле­мен­ти кои беа при­сут­ни и во ми­на­ти­те го­ди­ни, од­нос­но и по­крај оче­ку­ва­но­то вло­шу­ва­ње кај по­ли­тич­ки­те кри­те­ри­у­ми или пра­ша­ња­та што се по­вр­за­ни со прис­лу­шу­ва­ње, не­ма го­ле­ми про­ме­ни во оцен­ки­те, ду­ри на­про­тив, опи­си­те на одре­де­ни про­це­си или по­ли­тич­ки кри­те­ри­у­ми се оста­на­ти или се сме­не­ти кон по­до­бро.

 

(Не)Мер­ли­ви и (Не)спо­ред­ли­ви ана­ли­зи

И по­крај нај­а­ва­та на европ­ска­та ини­ци­ја­ти­ва за ста­бил­ност де­ка го­ди­на­ва го­диш­ни­те из­ве­штаи за зем­ји­те-кан­ди­да­ти ќе би­дат на­пра­ве­ни по но­ва ме­то­до­ло­ги­ја, во из­ве­шта­јот за Ма­ке­до­ни­ја не­ма ком­по­нен­ти кои мо­жат да ги спо­ре­дат трен­до­ви­те од ми­на­ти­те го­ди­ни ни­ту пак со ре­зул­та­ти­те што ги има­ат дру­ги­те зем­ји-кан­ди­да­ти. Кол­ку оваа пре­по­ра­ка на ЕСИ е важ­на за из­ве­шта­јот по­ка­жу­ва де­лот во кој се оце­ну­ва ни­во­то на не­вра­бо­те­ност. Европ­ска­та ко­ми­си­ја не­ма за­бе­ле­шка за на­чи­нот на кој е дој­де­но до ци­фра­та од 28 от­сто не­вра­бо­те­ни што зна­чи де­ка ги отфр­ла­ат кри­ти­ки­те кон вла­да­та де­ка таа на­вод­но бри­ше­ла гра­ѓа­ни од ли­ста­та на не­вра­бо­те­ни или де­ка тоа е ре­зул­тат на ма­сов­но исе­лу­ва­ње што во си­ту­а­ци­ја­та е мно­гу по­мал­ку важ­но. По­важ­но е што Европ­ска­та ко­ми­си­ја во сво­ја­та ана­ли­за не на­ве­ду­ва де­ка за ед­на го­ди­на има отво­ре­но но­ви ра­бот­ни ме­ста и де­ка во спо­ред­ба со си­ту­а­ци­ја­та пред шест го­ди­ни, ко­га Ма­ке­до­ни­ја за прв пат до­би пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри, не­вра­бо­те­но­ста е на­ма­ле­на за огром­ни се­дум от­сто и тоа во пер­и­од на пер­ма­нент­на еко­ном­ска (фи­нан­си­ска) кри­за во све­тот и по­ли­тич­ка кри­за во зем­ја­та.  Во овој кон­текст до­бро би би­ло да ви­ди­ме ка­де се на­о­ѓа Ма­ке­до­ни­ја во од­нос на Тур­ци­ја, Ср­би­ја или на Цр­на Го­ра. Уште по­до­бро би би­ло да се спо­ре­ди­ме со Бу­га­ри­ја и со Ро­ма­ни­ја, кои сè уште се об­ви­ну­ва­ат за се­ри­оз­ни не­до­ста­то­ци за исти­те ра­бо­ти за кои ѝ се за­бе­ле­жу­ва и на Ма­ке­до­ни­ја. За Ма­ке­до­ни­ја е ште­та што во фор­ма во ко­ја се оце­ну­ва­ат зем­ји­те-кан­ди­да­ти не се оце­ну­ва­ат и зем­ји­те-член­ки. За нас, ка­ко и за си­те дру­ги кан­ди­да­ти, би би­ло ин­те­рес­но да се ви­ди ка­ко ЕК би ги оце­ни­ла се­це­си­о­ни­стич­ки­те трен­до­ви во Шпа­ни­ја или да­ли Бри­сел би по­ви­кал на по­ли­тич­ки ди­ја­лог ме­ѓу Ма­дрид и по­кра­и­на­та Ка­та­ло­ни­ја ко­ја се под­го­тву­ва за на­пу­шта­ње на кралс­тво­то. Ин­те­ре­сен би бил и во­ка­бу­ла­рот со кој Бри­сел би го оце­нил пов­ле­ку­ва­ње­то на хр­ват­ска­та вла­да од спро­ве­ду­ва­ње на за­ко­нот за упо­тре­ба на ки­ри­ли­ца­та во гра­до­ви ка­де што има зна­чи­те­лен број срп­ско на­се­ле­ние. Или пак, да ви­ди­ме да­ли ба­ра­ња­та на бри­тан­ски­от пре­ми­ер Ка­ме­рон за из­зе­ма­ње на Лон­дон од ни­за европ­ски пра­ви­ла ќе би­де кр­сте­но ка­ко „пре­кр­шу­ва­ње на ос­но­ви­те на кои по­чи­ва Уни­ја­та“ или пак, ка­ко не­до­ста­ток на по­ли­тич­ка вол­ја да се ра­бо­ти во ин­те­рес на европ­ски­те гра­ѓа­ни.

 

Из­ве­шта­јот од Бри­сел при­стиг­на, се­га го че­ка­ме на­род­ни­от из­ве­штај во април

Об­је­ктив­но, из­ве­шта­јот не е мно­гу ва­жен, но не са­мо за­тоа што пре­по­ра­ка­та е ус­ло­ве­на. Тој во април се­ка­ко ќе би­де по­втор­но ре­ви­ди­ран и то­гаш ќе ја до­бие ви­стин­ска­та те­жи­на. За­тоа за вла­ста тој е са­мо еден од ме­ха­низ­ми­те со кои ќе се дој­де до из­бо­ри на кои ВМРО-ДПМНЕ очек­у­ва но­ва по­бе­да. За опо­зи­ци­ја­та тој е ала­тка со ко­ја ќе се оби­де да до­ка­же де­ка вла­ста не ра­бо­те­ла до­бро во из­ми­на­та­ва го­ди­на, но ре­ал­но, по дол­ги ја­ло­ви го­ди­ни со по­зи­тив­ни из­ве­штаи и со пре­по­ра­ки, са­ми­от до­ку­мент не мо­же да би­де те­шко оруж­је за на из­бо­ри­те. За­тоа и пре­ми­е­рот Гру­ев­ски по­ра­ча де­ка по го­диш­ни­от из­ве­штај за на­пре­до­кот на зем­ја­та се­га се че­ка нај­важ­ни­от из­ве­штај, а тоа е гла­сот на на­ро­дот на из­бо­ри­те во април. И на­ви­сти­на, из­ве­шта­јот на на­ро­дот на пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри во април мо­же да ја за­вр­ши по­ли­тич­ка­та кри­за и да отво­ри но­ви пог­лав­ја во еко­но­ми­ја­та, во ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си, во ле­гис­ла­ти­ва­та, но и но­ви пог­лав­ја од пре­го­во­ри­те со ЕУ. Шан­са­та е ту­ка, си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни мо­ра­ат да ја иско­ри­стат.

А до­кол­ку во на­ред­ни­ве шест ме­се­ци по­втор­но би­де­ме све­до­ци на но­ви кри­зи и на сце­на­ри­ја ка­кви што ви­дов­ме мно­гу во из­ми­на­ти­ве не­кол­ку го­ди­ни, на дел од по­ли­тич­ка­та но­менк­ла­ту­ра ѝ се за­ка­ну­ва­ат не са­мо ло­ши оцен­ки од Бри­сел, ту­ку и преч­кр­ту­ва­ње од сопс­тве­ни­те гра­ѓа­ни, не­што што е мно­гу по­те­шко и по­тра­гич­но од фра­зи­те на бри­сел­ски­те би­ро­кра­ти.

(Текст објавен во 167. број на неделникот Република, 13.11.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top