| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата на шестгодишното дете е постабилна, но сè уште неизвесна

Здравствената состојба на шестгодишното дете, кое се здоби со скршеница на черепот откако утрово мајка му го фрли од тераса на висококатницата во која живееле во скопски Хиподром, е постабилна, но сè уште неизвесна, велат за „Република“ болнички извори.

brza-pomosh

Според неофицијални извори од скопскиот клинички центар, детето е свесно и контактибилно, но мора да минат 72 часа за лекарите да се уверат дека состојбата на детето дефинитивно е подобрена и нема да има никакви компликации.

Во текот на вечерта главата на детенцето уште еднаш треба да биде снимена компјутерски, за да се добие целосна слика. Тоа сè уште се наоѓа на одделот за интензивно лекување, за опсервација, бидејќи не можат целосно да се исклучат други евентуални последици од падот.

Мајката има посериозни повреди, сериска фрактура на ребра и ставена е на механичка вентилација, велат болнички извори. Таа сè уште се наоѓа на одделот за интензивно лекување како критично болен.

Утрово, на улицата Пехчевска во скопски Хиподром, мајка си го фрли детето од тераса од семејниот дом, а потоа и таа скокна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top