Комисијата за верификација на факти на денешната седница прогласи две лица за соработници со тајните служби, а две лица за наредбодатели и корисници на информации. Еден од соработниците е поранешен носител на јавна функција, професор на Педагошкиот факултет во Битола и долгогодишен секретар на Друштвото за наука.
Тој во 80-тите години бил евидентиран за соработник на поранешните тајни служби под псевдоним „Мисирков“. Другиот соработник е поранешен пратеник и директор на Стоматолошките клиники во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.