| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција уапсен радикален исламист кој планирал напади

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, денеска соопшти дека е осуетен план на еден радикален исламист да изврши напад врз припадници на воената морнарица во пристаништето Тулон.

teroristi-francuska-foto-shutterstock-1420749248-606008

– Бидејќи една година бил под надѕор поради радикални ставови и поддршка на џихадистичката доктрина, ова лице планирало да стапи во акција – наведе Казнев.

Тој додаде дека станува збор за маж од 25 години, уапсен на 29 октомври, кој и порано бил затворан и обвинуван за терористички активности.

Според некои извори, уапсениот навестил дека планирал да патува во Сирија и да се приклучи кон џихад, но дека сепак одлучил да изврши напад во Франција, бидејќи пасошот му бил одземен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top