Францускиот министер за животна средина Никола Уло поднесе оставка во емисија во живо , без за тоа претходно да го извести претседателот Макрон.
Поранешниот телевизиски водител и активист на зелените , Уло , како причина за оставката наведува серија разочарувања поврзани со неговите настојувања да се смени политиката поврзана со климатските промени и другите фактори што влијаат врз природата. Тој во емисија во живо рече дека во владата се чуствувал потполно сам.
По емисијата признал дека за одлуката за оставка не и кажал ниту на сопствената сопруга. ,,Донесов најтешка одлука во својот живот, Решив да ја напуштам Владата.” , рекол Уло во драматичниот говор на радио .
Подоцна објаснил дека не сакал ништо претходно да му каже на претседателот Макрон и на премиерот Филип , зашто тие ќе го убедувале да остане.
Уло , инaку е еден од најпопуларните политичари во Франција и неговото заминување е голем удар за Макрон , чиј рејтинг во последно време е многу низок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.