Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, денеска соопшти дека е осуетен план на еден радикален исламист да изврши напад врз припадници на воената морнарица во пристаништето Тулон.
– Бидејќи една година бил под надѕор поради радикални ставови и поддршка на џихадистичката доктрина, ова лице планирало да стапи во акција – наведе Казнев.
Тој додаде дека станува збор за маж од 25 години, уапсен на 29 октомври, кој и порано бил затворан и обвинуван за терористички активности.
Според некои извори, уапсениот навестил дека планирал да патува во Сирија и да се приклучи кон џихад, но дека сепак одлучил да изврши напад во Франција, бидејќи пасошот му бил одземен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.