Шпанскиот моторциклист и втор во генералниот пласман Хорхе Лоренцо утрешната последна трка во МотоГП шампионатот ГН на Шпанија што ќе се вози во Валенсија ќе ја стартува од првата позиција.
Возачот на Јамаха постави нов рекорд на патеката и време од 1:30.011 минути за освојување на пол–позицијата. Втор ќе стартува Марк Маркес, третопласиран е Дани Педроса, а до него ќе биде Алекс Еспаргаро.
Валентино Роси сигурно ќе стартува последен на трката по добро познатите случувања на патеката во Сингапур кога го отурна од себе Марк Маркез и доби казна иако ги возеше денешните квалификации и заврши на 12. позиција.
Предноста на Роси пред Лоренцо е седум бодови, и во случај на победа на Шпанецот на утрешната трка, „докторот“ мора да биде втор ако сака да ја освои јубилејната 10.титула во кариерата.
Последната трка од сезоната во Мото ГП ќе се вози утре од 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.