Манчестер е обоен во сино, а Сити го доби фудбалското дерби против Јунајтед со 2-1 на „Олд Трафорд“. Милнер и Агуеро со голови во вториот дел беа творци на слаткиот триумф над лутиот ривал, а и третиот гол беше дело на играч на Манчестер сити. Го даде Компани, но во својата мрежа, за 1-1. Сепак тоа не беше доволно Манчестер јунајтед да освои барем еден бод, бидејќи резервистот Агуеро во 78. минута го одлучи дербито на Манчестер. Титулата сепак не е загрозена и речиси сигуно Јунајтед ќе го смени на тронот Сити, бидејќи разликата на 7 кола до крај е 12 бода. Јунајтед има 77 бода на врвот, а Сити е второпласиран со 65 бода.
szólj hozzá: Man Utd vs Man City 1-2 MATCH HIGHLIGHTS
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


