Александар Лукашенко денеска положи заклетва на функцијата претседател на Белорусија, истовремено, отфрлајќи ги повиците за економски реформи.
Тој денеска ги критикуваше болните реформи на пазарот, кои во 90-тите години од минатиот век ги спроведуваа соседна Русија и Украина, наведувајќи дека таквата политика може да доведе до „револуција или граѓанска војна“.
– Многу луѓе деновиве зборуваа за структурна реформа, но никој не кажа што значат тие реформи. Тие значат уривање на политичкиот систем, целата влада на Белорусија, поделба и исчезнување на државата и државниот имот – рече Лукашенко.
На изборите одржани на 11 октомври, Лукашенко освои 83,5 отсто од гласовите на бирачите и останува на местото шеф на државата, на чие чело е веќе 21 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.