| четврток, 6 декември 2018 |

Шекил О’Нил стана заменик шериф во Атланта

sekil-o-nil

Еден од најдоминантните кошаркари кои настапувале во НБА лигата, Шекил О’Нил и официјално положи заклетва за шериф во сојузната држава Џорџија. Во иднина Шекил ќе го спроведува законот во Клејтон Каунти, предградие на Атланта.

О’Нил ја положи заклетвата како почесен заменик на главниот шериф Виктор Хил, кој воедно му посака и топло добредојде на поранешниот кошаркар.

sekil-o-nil-1

– Добредојде во фамилијата борци против криминалот – напиша кратко на својот Фејсбук профил шерифот Хил.

216 сантиметри високиот О’Нил претходно улогата почесен заменик ја доби и во Калифорнија, Аризона и Флорида. Четирикратниот освојувач на шампионскиот прстен последните 15 години најчесто живее во Атланта, каде и купи куќа вредна 1,2 милони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top