| четврток, 6 декември 2018 |

Лукашенко положи заклетва и ги отфрли повиците за економски реформи

Александар Лукашенко денеска положи заклетва на функцијата претседател на Белорусија, истовремено, отфрлајќи ги повиците за економски реформи.

lukasenko

 

Тој денеска ги критикуваше болните реформи на пазарот, кои во 90­-тите години од минатиот век ги спроведуваа соседна Русија и Украина, наведувајќи дека таквата политика може да доведе до „револуција или граѓанска војна“.

– Многу луѓе деновиве зборуваа за структурна реформа, но никој не кажа што значат тие реформи. Тие значат уривање на политичкиот систем, целата влада на Белорусија, поделба и исчезнување на државата и државниот имот – рече Лукашенко.

На изборите одржани на 11 октомври, Лукашенко освои 83,5 отсто од гласовите на бирачите и останува на местото шеф на државата, на чие чело е веќе 21 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top