Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша либерален закон со кој се обезбедува државна подршка за блокчеин и криптовалутите.
Според новиот закон, сите трансакции и приходи од крипто валути се ослободени од плаќање данок во наредните пет години. Истито важи и за оние кои развиваат блокчеин технологии.
Лукашенко со ова ги поставуа рамките на таканаречениот “развој на дигиталната економија“ во Белорусија. Исто така, Белорусија планира блокчеин технологиите да ги применува во државниот апарат, со што ќе се растерети буџетот, затоа што овој модел на архивирање на податоци е многу ефикасен и ја намалува потребата од човечка работа на минимум.
Порај ова во белорусија ќе се гради ХТП – технолошки рај, кој го креира Лукашенко а е белоруска селиконска долина, во кој ќе има огромни даночни олеснуивања.
Лукашенко објасни дека главната цел е во Белорусија да се креираат услови за глобалните ИТ компании да инвестираат таму, да отворат развојни центри и да креираат дигитални производи.
Со целосната легализација на криптовалутите, се предвидува дека Белорусија ќе привлече многу инвестиции во приватниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.