Поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш положи заклетва на функцијата генерален секретар на Обединетите нации, која ќе ја презеде од Бан Ки-мун на 1 јануари 2017 година.
Вториот петгодишен мандат на оваа функција на Бан му завршува на 31 декември, а за време на специјалната пленарна седница, му беше оддадена почит на Бан за неговите заслуги и достигнувања.
Поранешниот комесар за бегалци на ОН беше избран со акламација во Генералното собрание на ОН во октомври, откако претходно ја доби довербата во Советот за безбедност.
Гутереш (67) станува деветтиот генерален секретар на ОН во нејзината 71-годишна историја, а неговиот мандат е на пет години со можност за реизбор.
– Јас сум целосно свесен за предизвиците со кои ОН се соочуваат, како и за ограничувањата кои ги има функцијата генерален секретар, изјави Гутереш во неговото прво обраќање до Генералното собрание по неговото именување за генерален секретар.
Тој рече дека драматичните проблеми во денешниот комплексен свет можат само да инспирираат „понизен пристап“, затоа што генералниот секретар сам ниту ги има сите одговори, ниту сака да ги наметне своите гледишта. пристап со кој генералниот секретар ќе овозможи простор за работа, ќе се постави како обединувач, посредник, градител на мостови и чесен посредник за да помогне во изнаоѓање решенија, од кои ќе имаат корист сите кои се вклучени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие
-
Драматично видео: Генералниот секретар на Владата чисти подрум
-
ЕУ и ОН реагираа на одлуката на Трамп за повлекување на САД од Париската спогодба за климата
-
Мирослав Лајчак избран за претседател на Генералното собрание на ОН