| четврток, 6 декември 2018 |

Извештајот за Македонија, дефинитивно, на 10 ноември

Годишните извештаи за напредокот на земјите­-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија, меѓу кои и Република Македонија, Европската комисија и дефинитивно ќе ги објави во вторник, јавува дописникот на МИА од Брисел.

evrokom

 

Иако претходно, како што е практика изминатите пет години, неформалната влада на Унијата требаше овие извештаи да ги објави во средината на октомври, со образложение дека бегалската криза е приоритет, а очигледно и многу други работи, ЕК ќе ги соопшти оценките за Македонија и останатите земји од процесот на проширување на 10 ноември.

Според информациите, комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, извештаите во вторник наутро најпрво ќе им ги претстави на пратениците во Европскиот парламент, а потоа околу 14 часот тоа ќе го стори и на прес­конференција во зградата „Берлемонт” на Еврокомисијата во Брисел. Со оглед на тоа што проширувањето е на маргините на новата Европска комисија предводена од Жан­ Клод Јункер и истото е „замрзнато“ за најмалку пет години, овие извештаи не се очекуваат со доза возбудливост како во претходните години.

Тоа што е најважно за Република Македонија е дека ЕК ќе и додели седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите за членство, со оглед на смирувањето на политичките тензии во земјата и спроведувањето на точките од договорот од 2 јуни/15 јули што доведе до крај на политичката криза во земјата. Единствено, препораката се очекува да бдие условена со целосно спроведување на договорот, заклучно со организирање и одржување на фер и демократски парламентарни избори во април 2016 година, за што Комисијата ќе изрази подготвеност да подготви нов кус извештај идната година напролет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top