| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пад на листата на ФИФА, Македонија во друштво на Танзанија, Барбадос, Гвинеја Бисау

Македонската фудбалска репрезентацијата денеска на најновата ФИФА-ранг листа доживеа нов пад од седум позиции и сега се наоѓа на 139.место.
Тоа е најлош ранкинг на нашата земја по почетното рангирање кога нашата репрезентација беше примена во светската фудбалска федерација на 147.место.
По поразот од Украина и ремито со Белорусија на последниот репрезентативен собир, Македонија сега со 230 бода е на 139-та позиција, зад селекции како Чад, Танзанија, Палестина, Јужен Судан, Свазиленд, а само место или две пред Гвинеа Бисау, Сент Луција или Барбадос.
На врвот на ФИФА листата се проби Белгија, пред Германија и Аргентина. Во Топ 10 уште се и Португалија, Чиле, Шпанија, Колумбија, Бразил, Англија и Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top