| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе старо 20 дена живее во болницата во Штип

Бебе старо 20 дена се наоѓа на одделот на педијатрија во штипската клиничка болница бидејќи неговите родители останале без дом, тврди таткото Дејан Велков, а објави „Канал 5“.

Таткото и мајката на бебето живееле со родителите на мајката. Мајката на неговата сопруга имала жестока расправија со ќерката и брутално физички се пресметала со нив и ги избркала на улица.

– Нема каде да одиме. Нашето дете е хоспитализирано сè додека мојата сопруга на закрепне – изјави загрижениот сопруг, Дејан Велков.

Петка Златкова – Велкова (25) моменто е на хируршкото одделение во штипската клиничка болница, откако паднала во бесознание по ударот во тилот од страна на нејзината нервозна мајка.

Од полицијата го потврдија случајот, како што велат, по пријава поднесена од 28-годишниот Велков во кочанската полициска станица, бидејќи инцидентот се случил во семејниот дом на неговата сопруга во Кочани.

Во меѓувреме, таткото на повредената млада мајка поднел пријава за својот зет.

Надлежните истражни органи работат на расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top