Манчестер јунајтед им се приклучи на Арсенал и Челси со пораз и елиминација во осминафиналната рунда од Лига купот на Англија. Второлигашот Мидлсборо го изненади најтрофејниот англиски клуб и го исфрли од битката за трофејот по подобро изведување на пенали.
Голманот Томас беше јунак на натпреварот и одбрани два пенали во серијата удари од белата точка, потоа и Карик го промаши голот, што беше доволно за славје на играчите на Мидлсборо. Понатаму одат и Саутемптон по триумфот од 2-1 против Астон Вила и Ливерпул и Манчестер сити.
Јирген Клоп го запиша првиот успех, откако е тренер на Ливерпул, а поразен е Бурнмаут со 1-0. Сити го декласира Кристал Палас со 5-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение