Дерби без голови и со многу слаба посета на „Филип втори“ арената во Скопје одиграа Вардар и Шкендија. Во меч без многу возбудувања двете водечки екипи во македонското првенство ги поделија бодовите и си останаа на првото и второто место на табелата.
Вардар има 27 бода, еден повеќе од Шкендија, а Силекс како третопласиран засотанува дури 10 бода зад „црвено-црните“ од Скопје по денешното реми со Брегалница (1-1). Вистински подвиг направи Турново со реми против Работнички, 2-2, иако имаше негатива од 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.