| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар си поигра со Хипо (38-25)

ZRK vardar 2015  -  GER (15)

Ракометарките на Вардар имаа само полесен тренинг против драстично подмладениот тим на Хипо и славеа убедлива победа од 38-25 на гостувањето во Австрија.

Уште од самиот почеток гостинките од Скопје покажаа дека разликата во класа е голема и поведоа со двоцифрена разлика. На полувремето беше цели 13 гола разлика, 22-9 за фаворитот, а до крајот избраничките на Индира Кастратовиќ останаа на плус 13. Хипо е повеќекратен европски првак, но според играта што ја прикажаа вечерва тоа е далечно минато.

Вардар ја забележа првата победа во новата сезона по незгодниот пораз дома во премиерниот меч од Ѓер.

Вечерва беше полесно, а најефикасни во победничкиот состав беа Дамњановиќ, Лекиќ, Сокач и Ристовска со по 4 погодоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top