| четврток, 6 декември 2018 |

Реванш на Вардар со камата и траен печат за Кјелце (34-24)

vardar-kielce-3

Вардар одигра брилијантен меч со кој најави големи амбиции и патем и му се реваншираше на Кјелце за ланската елиминација во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ славеа убедливо со 34-24 против еден од најсеризоните кандидати за настап на фајналфор турнирот во Келн.

Победникот во дербито на шестото коло од Б групата се наѕираше уште од самиот почеток, а вардарци тргнаа фуриозно против полскиот тим кој до денес немаше загубено ниту еден меч во Скопје.

Домаќините на крилата на извонредниот Дибиров летаа по теренот, а од голманот Штербик до последниот играч во „црвено-црн“ дрес што истрча на паркетот во „Јане Санднаски“ одиграа импресивно. По 30 минути беше 18-14, а чуеното второ полувреме на Вардар повторно стапи на сцена и разликата постојано растеше. Штербик фати 12 топки и допринесе за уште дузина утки на гостите. Дибиров и Горбох безмилосно ја тресеа мрежата на Кјелце и постигнаа по 8 гола. Шишкарев забележа 4 погодоци, а интересно е што дури 10 ракометари на Вардар се запишаа во листата на стрелците.

Вардар останува лидер и по 6 кола со 10 бода пред Барселона која има 7 и меч помалку.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top