| четврток, 6 декември 2018 |

Фиорентина ја оживува кариерата на Фалкао?!

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао кој до пред две години беше еден од најдобрите шпиц-играчи во светот, доживува тешки моменти во кариерата откако имаше разочарувачка сезона во дресот на Манчестер Јунајтед по позајмицата од Монако.
Тој оваа сезона се пресели во Челси истотака на позајмица и повторно е еден од најслабите поединци во тимот на Жозе Мурињо. Не успеа да се наметне кај „Специјалниот“ и се повеќе ја грее клупата за резервни фудалери.
Затоа Челси најави дека сака да се ослободи од фудбалерот во зимскиот преоден рок, а тоа може да го искористи лидерот во Серија А лигата, Фиорентина.
Клубот од Фиренца размислува да упати и официјална понуда за да го добие Фалкао во наредните шест месеци, со клаузула и за можно откупување на неговиот договор од Монако. Раководството на „виолетовите“ верува дека Фалкао би блеснал во дресот на Фиорентина, а тој би бил огромно засилување за овој тим во битката за највисок пласман во Серија А.

Фиорентина по осум одиграни кола се наоѓа на првата позиција на табелата во Калчото, со 18 освоени бода, пред Рома и Интер кои имаат еден бод помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top