| четврток, 6 декември 2018 |

Видео технологијата им донесе пенал: Фиорентина се спаси од пораз кај Лацио

По нерешеиот исход во четвртокот против тимот на Витесе, Лацио повторно и денеска одигра 1-1 на мечот против Фиорентина во Серија А.

Момците на Симоне Инзаги беа близу до триумф, од кој ги делеа буквално секунди, но тимот од Фиренца се избори за бод откако Кума Бабакар погоди од пенал во 94-тата минута. Судијата на белата точка покажа откако прегледа една ситуација со помош на видео техногијата.

Претходно водство на „лацијалите“ им донесе Стефан де Вриј во 25-тата минута, откако погоди со глава, а римјаните прокоцкаа неколку шанси за потврдување на победата со втор гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top