Џорџ и Амал Клуни важат за една од најубавите двојки во шоу бизнисот, а најверојатно следната година ќе станат родители.
Иако славниот американски оскаровец сеуште не ја потврдил информацијата дека неговата сопруга е бремена, по се изгледа оваа информација е точна.
Според медиумите, оваа информација е потврдена со фактот што двојката за опремување на делот за деца во нивната уксузна холивудска вила издвоил дури два милиони долари. Пријател на актерот за американските медиуми открива дека двојката е подготвена да потроши цело богатство за детски мебел.
– Џорџ и Амал веќе една година се обидуваат да добијат бебе и конечно им се исполни сонот. Тие не сакаат се уште да се шири оваа вест и за тоа знаат само членовите на потесното семејство и најтесниот круг пријатели. Меѓутоа, затоа што станува збор за светски познати личности тоа неможе долго да остане во тајност. Клуни е пресреќен што ќе стане татко. Двојката сеуште не го знае полот на детето, но актерот веќе ангажира експерти што ќе го опремат детскиот дел. Тоа крило од куќата ќе биде само за бебето, од кое дадилката нема да се одвојува. Покрај детската соба со креветче, шкафче и гардаробер во другите простории ќе се направи детска библиотека, две соби за играње и трпезарија. Додека не тргне во училиште бебето ќе може да го користи целиот овој простор, а потоа се повторно ќе се реновира, вели пријател на Џорџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)



