| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирана и обљубена прилепчанка

об

Рано утрово, во полициската станица во Кичево, приведен е Р.Л. од кичевското село Колибари. По консултација со јавниот обвинител, тој е приведен под сомнение дека извршил грабнување и обљуба на познаничка.
Уапсениот бил пријавен од 39-годишната Н.М. од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред два месеца ја киднапирал и присилно била чувана во неговата куќа во Колибари. Во тој период, според зборовите на жртвата, била физички малтретирана и обљубувана.
Таа вчера успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top