Полицисата станица Прилеп поднесе кривична пријава против 32-годишниот И.Ј. од село Житоше, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за „уцена“. Тој две години бил во љубовна врска со Џ.А., а откако раскинале, продолжил да ја бара на мобилниот телефон со цел да ја обноват врската. Таа одбивала средба, пријавениот на профилите на нејзиниот брат и зет на социјалните мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина. Покрај ова, го уценувал сопругот на Џ.А. дека ќе престане со објавување фотографии ако му даде 1.200 евра. Парите требал да ги уплати на сметка на неговата мајка, додека фотографиите би останале кај него во слуќај да биде пријавен во полиција да ги предаде на друго лице за објавување на социјалните мрежи.
На 14-ти месецов, по даредба на Основен суд Прилеп, бил извршен претрес во куќата на пријавениот, при што со потврда за привремено одземени предмети биле одземени се еден компјутер, мобилен телефон и надворешна меморија со компромитирачки материјали, информира МВР.
фото: илустрација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синот на Осама бин Ладен повика на насилство: Нападнете го САД, да го одмаздиме татко ми
-
„Соба за тага“ ја напишал затвореник обвинет за убиство на љубовникот на својата сопруга?
-
Цеца после 24 години се сретна со својот љубовник-еве како изгледаше средбата!
-
Му го отсекла пенисот со срп: Ја силувал зетот, таа суровo му се одмаздила!