| четврток, 6 декември 2018 |

Загина 17-годишна прилепчанка, со семејството пред три години заминале Австралија

Семејството Јорданоски од Прилеп, кое пред 3 години се пресели во Австралија, остана без својата ќерка, Тамара Јорданоски, пишува австралискиот „Дејли Телеграф“, а пренесува прилепски „Маркукуле“.

21aa8ecfe1b6890dc760f57beb5f662f

17-годишната Тамара, во саботата вечерта заедно со нејзиното момче Џовани Санторо загинаа во страшна сообраќајна незгода во близина на Порт Ботани во Сиднеј.

698ae6525fa97868be1440c6ec7be534

Момчето на Тамара управувало со возило БМВ при што удрил во бандера, потоа возилото се превртило и запалило. Полицијата ги истражува точните причини за настанатата несреќа, а очевидци тврделе дека возилото се движело со поголема брзина од 100 км/ч.

prilep-2-2

 

Александар Јорданоски, татко на Тамара, рекол дека неговата ќерка сакала да стане доктор, откако семејството пред три години се преселило од Македонија, барајќи подобар живот. Со Џовани се запознале веднаш откако стигнале во Австралија.

prilep-3-2

 

“Беше тоа врска која секој би ја посакал, тие умираа еден за друг”, вели Јорданоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top