Во полициската станица Гостивар вчера е пријавено дека непознато лице вчера се обидело да обљуби студентка од Турција со иницијали Е.Г, а откако не успеал во намерата ја ограбил.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни рабори, вчера М.Ш.(24) пријавила, дека додека Е.Г. се движела по ул. „Браќа Гиноски“ била пресретната од непознато лице кое насилно ја одвлекло зад зградата и откако не успеал да изврши обљуба, и ја одзел чантата во која имала мобилен телефон и околу 600 денари, по што лицето го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.