| четврток, 6 декември 2018 |

Ветувала поевтини авионски карти – прилепчанка се опарила со 14.000 долари

Прилепчанка измамила две лица од Охрид и струшкото село Лажани ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД за Македонија за што добила 779 илјади денари.

Полицијата денеска информираше дека против 29-годишината Ј.Ч. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Таа на Д.Н. од Охрид му обезбедила карти само во еден правец, а Л.А. од Лажани воопшто не ги добила ветените авионски билети.

Во текот на март годинава, Д.Н., кој моментно живее во САД, на сметката на Ј.Ч. уплатил вкупно 4.140 американски долари за купување на пет повратни билети на релација Чикаго-Виена-Скопје, додека Л.А. откако остварила контакт со пријавената се договориле да купи 12 повратни авиобилети од САД за Македонија. По извесно време од средбата и направениот договор, Л.А. на сметка на Ј.Ч. уплатила 283.200 денари, но не ги добила договорените 12 повратни карти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top