Дури 48 проценти родители го забележале овој симптом кај децата, наведува една студија. Но, поголем број мислеле дека е грешка на фотографијата. Тоа мора да се смени зашто е прашање на живот или смрт.
Овој текст ќе ви помогне да можете да ги откриете овие сериозни симптоми кај децата на време. Кога тетката на ова тригодишно момче ја погледната фотографијата забележала нешто шокантно. Забележала дека нешто не е во ред со неговите очи. Во десната зеница забележала чуден одблесок.
На почетокот мајката на ова момче мислела дека тоа е само проблем на фотографијата, меѓутоа тетката инсистирала да појдат на доктор, офтамолог.
Докторот дијагностицирал шокантна болест: Момчето имало ретинобластом во двете очи. По четири месеци хемотерапија, туморот во десното око се намалил, како и помалиот тумор во левото око. Благодарение на тетката, неговиот живот е спасен. Меѓутоа тој ќе остане слеп на десното око. За среќа, секој од нас може да го открие ова .
Направте фотографии со блиц. Ако забележите кој било од овие знаци, веднаш појдете кај очен лекар:
-Кога едната зеница е бела, а другата црвена
-Кога едната зеница е црвена, а другата црна
-Кога зениците се со различна боја
Секој родител треба да го знае ова. На тој начин можете да спасите живот на дете. Споделете го ова со вашите пријатели, можеби на некој можете да му помогнете веднаш да реагира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.