| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл: Јас сум Велшанец, Англија никогаш не била опција за мене

Ѕвездата на светскиот фудбал, играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој за првпат ќе учествува со својата репрезентација Велс на едно големо натпреварување, Европското првенство во 2016 година имаше интересна изјава по последниот натпревар што неговата репрезентација го одигра во Кардиф.
Офанзивниот играч на „кралевите“ откри дека пред неколку години имал опција да бира за која репрезентацијата ќе настапи. Тој добил понуда од ФА на Англија, но веднаш ја одбил иако неговата баба е Англичанка.

– Паметам, кога бев млад агентот ми кажа дека постои опција да играм за Англија. Веднаш одбив. Јас сум од Велс и ја сакам својата фамилија. Секој знае колку многу сакам да играм за мојата репрезентација. Баба ми е Англичанка, но јас сум Велшанец и Англија никогаш не била опција за мене. Среќен сум што конечно се пласиравме на едно големо натпреварување – изјави Бејл.

Најскапиот играч во светот во овие квалификации за ЕП постигна седум гола на десет средби, и благодарение на неговите игри Велс за првапат се пласираше на едно големо репрезентативно натпреваруње.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top