Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека „бунтот“ против Ангела Меркел се шири, со оглед на тоа дека отвореното писмо против нејзината политика за бегалците до вчера ја потпишале 126 членови на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), како и дека меѓу потписниците се 38 пратеници во парламентот.
Писмото минатата седница е испратено со 34 потписи, со главно барање да се затворат границите за бегалците кои доаѓаат во Германија преку сигурни трети држави, објави „Билд“.
Тоа би значело целосно затворање на границата, затоа што Германија не граничи со несигурни држави, а оваа мерка би требало да се применува се додека шенгенската граница не функционира и додека другите членки на ЕУ не ги почитуваат своите обврски, бараат членовите на ЦДУ, пренесува Јутарњи лист.
Ангела Меркел на состанокот со пратениците од коалицијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот го одбила барањето бегалците да се распоредуваат на граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.