| четврток, 6 декември 2018 |

Се шири „бунтот“ против бегалската политика на Меркел

merkel

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека „бунтот“ против Ангела Меркел се шири, со оглед на тоа дека отвореното писмо против нејзината политика за бегалците до вчера ја потпишале 126 членови на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), како и дека меѓу потписниците се 38 пратеници во парламентот.

Писмото минатата седница е испратено со 34 потписи, со главно барање да се затворат границите за бегалците кои доаѓаат во Германија преку сигурни трети држави, објави „Билд“.

Тоа би значело целосно затворање на границата, затоа што Германија не граничи со несигурни држави, а оваа мерка би требало да се применува се додека шенгенската граница не функционира и додека другите членки на ЕУ не ги почитуваат своите обврски, бараат членовите на ЦДУ, пренесува Јутарњи лист.

Ангела Меркел на состанокот со пратениците од коалицијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот го одбила барањето бегалците да се распоредуваат на граница.

Ако Германија како најголема земја ги затвори границите, тоа ќе има разорни последици по сите земји на балканската рута, дури и Австрија и Унгарија во тој случај ќе мора да ги одбијат бегалците, рекла Меркел пред пратениците.

Денеска пред Бундестагот ќе се најдат измените на законот за азил, кои предвидуваат забрзување на процедурата за одлучување и забрзана депортација на оние чие барање ќе биде одбиено.

Ако Австрија поради бегалската криза ја засили контролата на границата, а Унгарија целосно ја затвори границата, Словенија ќе мора да донесе иста мерка како Австрија, предупреди вчера шефот на словенечката дипломатја Карл Ерјавец. Тој рекол дека за сега нема најави дека Германија ќе ги затвори границите, што би довело до домино ефект на целата балканска рута, наведува „Јутарњи лист“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top