Вардар повторно игра фуриозно во второ полувреме, како и на сите досегашни три меча во Лигата на шампионите во новата сезона. На колена е паднат и силниот германски состав Рајн Некар Левен, а Вардар од плус еден по првиот дел, на 3 минути до крајот веќе има позитива од 5 погодоци, 23-18.
И повторно победата се коваше во второто полувреме, нешто што стана заштитен занк на вардарци. Така паднаа и Монплеје, Пик Сегед, па и Кристијанштад.
Вардар е на прагот на нова четврта победа во ЛШ и ако не се случи чудо, македонскиот првак ќе остане лидер во Ц групата со максимален учинок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.