Голем пех му се случи на македонскиот шампион Вардар и тоа по само десетина минути игра, а се повреди левиот бек Александер Деревен. При еден контакт со одбраната на Рајн Некар Левен, Деревен падна како покосен и потоа беше изнесен од теренот на носилки.
Веројатно станува збор за лигаментите на коленото кај левиот бек на Вардар, а дали и колку ќе паузира ќе биде познато по медицинскиот преглед.
Вардар за дербито на четвртото коло во ЛШ против силниот германски состав го нема на располагање ниту Столе Стоилов поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.