| четврток, 6 декември 2018 |

Им нема крај на поразите, и Украина мина триумфално низ Скопје

Macedonia vs Ukraine

Им нема крај на поразите и на слабите игри на македонската фудбалска репрезентација во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Франција. Вечерва и Украина триумфално мина низ Скопје и победи со 2-0 и ни остави многу грижи.

Селезњов од пенал во 59. минута и Кравец на 180 секунди до крајот ја погодија мрежата на Пачоски за важен триумф за Украина и за нов дебакл на Македонија.

Немавме игра, ниту желба за надигрување, иако и ривалот не прикажа многу, но рутински не надмудри. Украина остана во игра за директен пласман и има 19 бода, идентично колку и Словачка, селекција која загуби дома од Белорусија. Прва е Шпанија со 24 бода и сигурен пласман на шампионатот во Франција. Македонија е последна со 3 бода и последна шанса да го избегне фенерот во дуел со Белорусија во понеделник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top