Бебе е извлечено од под урнатините на зградата која вчера се сруши во Мумбаи при што загинаа најмалку 40 станари. Полицијата соопшти дека ги бара родителите на преживеаното 10 месечно женско бебе. Претходно и четиригодишно девејче беше пронајдено живо под урнатините. Беа беа извлечении телата на 17 загинати деца.

Според полицијата зградата била дивоградба и спасувачките служби користеле чекани, пили и хидраулични лостови во потрагата по преживеани. И шест булдожери биле употребени во расчистувањето на урнатините. Околу 50 лица се повредени, а 20 сè уште се водат како исчезнати.

Останува да се пребараат уште три ката од урнатата зграда, но тоа ќе биде многу тешко со оглед на тоа што паднале еден врз друг. Градежните инспектори како причина за трагедијата наведуваат дека зградата требало да има само 4 ката кои биле вселени, но потоа биле доградени уште три. Конструкцијата се урнала кога нелегално се доградувал и осмиот кат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом


