| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе извлечено под урнатините од срушената зграда во Мумбаи

bebe1Бебе е извлечено од под урнатините на зградата која вчера се сруши во Мумбаи при што загинаа најмалку 40 станари. Полицијата соопшти дека ги бара родителите на преживеаното 10 месечно женско бебе. Претходно и четиригодишно девејче беше пронајдено живо под урнатините. Беа беа извлечении  телата на 17 загинати деца.

bebe2

Според полицијата зградата била дивоградба и спасувачките служби користеле чекани, пили и хидраулични лостови во потрагата по преживеани. И шест булдожери биле употребени во расчистувањето на урнатините. Околу 50 лица се повредени, а 20 сè уште се водат како исчезнати.

bebe3

Останува да се пребараат уште три ката од урнатата зграда, но тоа ќе биде многу тешко со оглед на тоа што паднале еден врз друг. Градежните инспектори како причина за трагедијата наведуваат дека зградата требало да има само 4 ката кои биле вселени, но потоа биле доградени уште три. Конструкцијата се урнала кога нелегално се доградувал и осмиот кат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top