| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот претседател: Македонија е и ќе остане грчка

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос остро ги осуди сите оние кои се осудуваат да го оспорат „грчкиот карактер“ на Македонија, на прослава по повод 103 години од солободувањето на грчкиот град Елесона. ­

Prokopis Pavlopoulos,

– Македонија е и ќе остане грчка. Оние кои го оспоруваат грчкиот карактер на Македонија, се предмет на исмејување поради нивните бесмислени тврдења, истакна грчкиот претседател.

Според него, „симпатизерите“ во меѓународната заедница кои ги поддржуваат ваквите наводи „се директни или индиректни соучесници во одвратното силување на историјата“.

Во Грција се коментира дека оваа изјава на Павлопулос е негов индиректен коментар на тоа што САД минатата недела ја поканија Република Македонија да учествува на конференција во Њујорк под уставното име, поради што премиерот Алексис Ципрас го откажа присуството на состанокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top