| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една рутинска победа на Вардар во СЕХА

Ракометарите на Вардар остварија уште една рутинска победа во СЕХА лигата, овојпат над Спартак Војпут во Суботица со резултат 27:36, полувреме 12:15.

Вардар настапи без неколкумина првотимци во составот, пред се повредените Дибиров и Карачиќ, но со доволно силен состав за лесна победа на ова гостување.

Најефикасен во составот на Вардар беше Михајло Марсениќ со седум гола, Филип Лазаров постигна шест гола, четири погодоци постигнаа Алекс Душебајев и Даниел Шишкарев, а трипати во листата на стрелците се запишаа Стојанче Стоилов и Лука Циндриќ.

Ѓорѓе Ѓекиќ беше најистакнат во редовите на Спартак Војпут со седум гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top