„Доволно е само една западна држава со здрав разум да ги оквалификува преговорите за името меѓу Македонија и Грција како бесмислени и како напад врз основните човекови права и правото на една земја на самоопределување. Со тоа всушност ќе заврши спорот измислен од Грција, како последица на нивната бесрамна ксенофобија“, пишува Бил Николов, претседател Македонското меѓународно движење за човекови права, во своето писмо до медиумите.
Во продолжение на писмото се вели:
„Која ќе биде државата што ќе го направи тоа? Овој спор е истовремено голем товар и за меѓународните организации за човекови права. ‘Амнести интернешнал’ и ‘Хјуман рајтс воч’, имавте повеќе од 20 години, што уште чекате?“
Да се осврнеме на тековната канадска предизборна кампања. На македонските Канаѓани, како и на многу други етнички групи, во замена за гласови и обезбедување неброени саати волонтерска работа за помош на локалните кандидати, од страна на политичките партии им се ветуваат работи кои сигурно нема да бидат реализирани откако кампањата ќе биде завршена. Па, ајде во оваа кампања да се обидеме со нешто различно. Реализација однапред. Политичките партии би покажале дека нив всушност може да им се верува, па така тие ќе придобијат многу посветени поддржувачи.
Да го проанализираме малку бесмислениот спор со името меѓу Македонија и Грција. Канада во 2007 година му се приклучи на мнозинството на светот со признавањето на Република Македонија да го користи своето вистинско име, и, со тоа ги обезбеди гласовите на македонските Канаѓани. Стивен Харпер добро го памети величенствениот дочек што му беше приреден од македонските Канаѓани во 2009 година во Торонто. Тоа беше доволна причина многумина да им останат лојални на конзервативците. Сепак, тие не го направија следниот логичен чекор, да ги осудат бесмислените преговори за името. И не само што пасивноста на Конзервативната партија по ова прашање ги загржува македонските Канаѓани, туку нивното отворено залагање да ги придобијат гласовите на Канаѓаните со грчко потекло, целата ситуација ја прави уште полоша. На пример, пред Костас Менегакис да стане пратеник од Конзервативната партија, тој организирал митинзи против Конзервативната партија и антимакедонски митинзи по повод признавањето на Република Македонија. Г-н Менегакис тврдеше дека грчките Канаѓани никогаш нема да гласаат за Конзервативната партија. Очигледно, конзервативците го видоа тоа како повод за да му се додворат, па тој е сега се кандидира за втор мандат како конзервативец. Иако Либералната партија до крајност ги бранеше ставовите на грчко-канадската заедница, своевремено го осудија признавањето на Македонија и му дозволија на пратеникот Џим Каријанис во неколку пригоди јавно да манифестира расистички пароли против канадските Македонци. Г-н Каргијанис беше дури и фатен на видео како држи некакво предавање на кое го оправдува бомбардирањето на македонските цивили од страна на Грција за време на грчката граѓанска војна. Можеби нивниот став е променет на подобро во меѓувреме, или па станал уште полош. Па, либерали, што е точно од ова? НДП и Партијата на зелените и натаму не се изјаснуваат во врска со ова прашање. Не баш многу смела надворешно-политичка стратегија.
Грција го отвори прашањето за името со цел да го блокира признавањето на новата независна држава Република Македонија во 1991 година и да може да продолжи со негирање на постоењето и со прогон на големото македонско малцинство. Притоа се тврдеше дека Македонија се обидува да узурпира едно „историско грчко“ име, иако до 1988 година, политиката на Грција, поткрепена и со многу документи, беше дека Македонија никогаш не постоела. По анексирањето на половина од територијата на Република Македонија во 1913 година настојуваа да се искорени нејзиното постоење, а таквата политика продолжува и денес. Според првиот посредник на ОН во спорот за името, Робин О’Нил, „Македонија не смее и нема да го смени името, со цел да се смири Грција. Ако Македонија подлегне на притисоците и го смени своето име, таквиот потег само ќе им даде повеќе сила и мотив на Грците за да ја постигнат нивната крајна цел – Македонија да исчезне од мапите“. Грција е всушност таа која се обидува да го узурпира името на Македонија.
Со оглед на сето ова, имам легитимно право да се запрашам, зошто Македонија е во преговори за сопственото име. Накратко, одговорот би бил дека се плаши од гневот на САД кои се заканија дека доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тие ќе ја повлечат економската и воената помош, притоа тврдејќи и дека би еруптирала граѓанска војна со албанското малцинство во Македонија. Прилично иронично, со оглед на фактот дека САД ја признаа Македонија во 2004 година. Многу ниско и лицемерно од надворешната политика на САД.
Ова е моментот кога Канада и сите четири големи политички партии треба да реагираат. Тие можат да му покажат на остатокот од светот дека сѐ уште се залагаме за традиционални канадски вредности и за човекови права. Канада има шанса да стави крај на оваа бесмислена дебата, и тоа треба да го направи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.