| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се откажува од дијаспората

dijaspora44СДСМ се откажува од дијаспората и бара тие да останат без нивните претставници во законодавниот дом. Тоа е резултат на слабата поддршка што ја ужива СДСМ и во Македонија и дополнително станува се повидливо доколку ја поддржуваат дијаспората во Парламентот.

Не постојат логични ниту издржани причини дијаспората да не е застапена во Собранието на РМ, освен личните интереси и причини на СДСМ кои се гледаат во неспособноста на нивното членство да работи и да ја добие поддршката од македонските иселеници.

Но, СДСМ знае дека иселениците ја обвинуваат СДСМ за многу чекори особено за лошото економско владеење со државата. Дијаспората конечно по неколку децении, за прв пат, доби право на глас и нивни претставници во македонскиот парламент.

Ниту еден човек од дијаспората кои не го одобри тој чекор како исправање на големата неправда, но и голем чекор во насока на градење на цврсти и долгорочни врски со иселениците.

Сите македонски друштва од дијаспората изразија осуда на ваквиот предлог на СДСМ. Велат ние сме граѓани на Република Македонија кои живеат надвор од неа и нашето право за учество на изборите е уставно- загарантирано

Во писмената реакција на здружението Филип Втори Македонски од Копенхаген е наведено дека не го прифаќаат и најстрого го осудуваат предлогот на СДСМ за укинување на правото на гласање на парламентарните и на претседателските избори на Македонците надвор од Република Македонија. Со одземање на правото на глас се рушат демократските права на Македонците а со тоа и отуѓување од својата земја, велат од таму.

-Ова е шамар за напорите на Македонците обединети во клубови да го зачуваат идентитетот, јазикот и културата – се вели во реакцијата од Копенхаген.

Македонската заедница во Австралија и од Нов Јужен Велс наведува дека со правото на глас и свој пратеник во Македонскиот парламент, за иселениците е чин кој овозможува да се поблиску до татковината и да придонесуваат за нејзиниот севкупен развој преку инвестирањето кое има нагорен тренд.

-Правото на глас на дијаспората има поважен елемент- да ја издигне свеста кај младите Македонци изложени на англо- саксонска асимилација за патриотизмот и потребата да се поседува Македонска патна исправа и да гласа за свој претставник во Македонското собрание.

Реагираше и Обединетата Македонска дијаспора според која Предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Република Македонија.

-Ние имаме разбирање за фрустрацијата на одредени политички партии, кои својот неуспех да се наметнат програмски во дијаспората сакаат да го решат со иницијативи за укинување на нивното право за гласање- наведуваат иселениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top