| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми за Колдинг, Игропуло ќе мора на уште една операција

Противникот на Вардар во ракометната Лига на шампиони се соочува со дополнителни проблеми во тимот. По лошиот старт оваа сезона, данскиот шампион по двата високи порази од Кристијанштад и Рајн-Некар во третото коло му гостува на Монпелје и секако на тој натпревар нема да може да смета на моторот во тимот, средниот бек Константин Игропуло.
Рускиот репрезентативец се пожалил на болки во стомакот непосредно пред натпреварот во домашното првенство против Сондерјиск. Тој бил итно пренесен во болница каде е констатирано дека ќе мора да биде подложен на уште една операција на слепото црево.
Рускиот ракометар минатата година имаше операција на слепо црево, но состојбата се ископликувала. Со прегледите е утврдено дека останале еден дел од слепото црево. Тоа ќе го оддалечи од теренот најмалку две седмици.

КИФ Колдинг е еден од противниците на Вардар во Б групата од Лигата на шампионите. Нивниот прв меѓусебен дуел е на 18 октомври во Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top