| четврток, 6 декември 2018 |

Бучавата ги плаши бебињата

Бебето од најраната возраст реагира на одредени предмети, облици, дезени, звуци и ситуации. Со оглед на тоа дека развивањето на константна чувствителност на промените и активација на сетилата никогаш не престанува, ќе уследи реакција на секоја промена во опкружувањето и атмосферата дури и кога тоа не е толку забележливо.

Поради тоа родителите треба да обрнат внимание при вклучувањето на правосмукалката, зголемувањето на јачината на звукот на телевизорот, на компјутерот, но и при употребата на звучни играчки, па дури и лаењето на куќето, како и при евентуалните расправии во близина на детето.

Секако дека децата не можат да бидат заштитетни од се, но родителите треба да повнимаваат на апаратите и играчките кои создаваат бучава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top