| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалска фешта на меч од Третата лига, Тиквеш и Вардар играа пред пет илјади гледачи

tikves

Вистинска фудбалска фешта имаше во Кавадарци и тоа на меч од третолигашката фудбалска конкуренција, а големото дерби на Тиквешкиот регион го доби Вардар од Неготино против домашниот Тиквеш.

Пред пет илјади гледачи гостите славеа со 2-1 и со право ќе се радуваат до следното регионално дерби на големите ривали.

Дуелите на Тиквеш и Вардар од Неготино традиционално привлекуваат огромно внимание, а со посетата од пет илјади гледачи, третолигашите од овој крај слободно можат да им конкурираат и на нашите прволигаши.

tikvesko

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top