Вардарци испратија порака до елитата на европскиот ракомет со упте една одлична претстава во второ полувреме, а забележана е и втората победа во Лигата на шампионите, вечерва во Скопје против Пик Сегед со 27-23.
По истиот рецепт од Монпелје, вардарци го скршија отпорот на противникот во второто полувреме. По првиот дел беше нерешено, 11-11, а црвено-црната фурија тргна несопирливо во вториот дел и веднаш направи недостижна разлика од 4 гола предност.
Предводени од извонредниот Арпад Штербик со 15 одбрани и од расположените за голови Карачиќ (5 погодоци) и Циндриќ, Дујшебаев и Дибиров со по 4 погодоци, Вардар го скрши отопорот на гостите од Унгарија. Кај гостите блескаше голманот Сиера, а одлично одигра и Бомбач.
Вардар е лидер во Б групата со 4 бода заедно со германскиот тим Рајн Некар. Во третото коло црвено-црните ќе гостуваат кај екипата на Кристијанштад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.