Поранешната македонска репрезентативка во кошарка, Моника Гавриловска е изборот на претседателот на МКФ Петар Наумоски за нов генерален секретар.
Таа треба да дојде на испразнетото место по неколку месеци откако Дејан Јовановски си поднесе оставка по несогласувањата со дел од раководството.
Уште тогаш од МКФ најавија дека нема да брзаат и нема да шпекулираат со новото име за местото генерален секретар, и се обидоа со експериметот со Заре Марковски како главен оперативец за се. Сепак тоа не одеше како што треба, па Наумоски за логичен избор ја предложи Гавриловска со оглед на фактот дека беше најблиска соработничка на Наумоски уште од првиот ден на неговото доаѓање во федерација, воедно и негова придружба на Евробаскет 2015 во Загреб
Именувањето на Гавриловска се очекува в недела, кога во Охрид ќе се одржи нов состанок на Управниот Одбор, на кој една од точките е токму изборот на нов Генерален секретар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.