Младинското драмско студио „Театар чин 4 – сцена 5“ на 24-ти септември во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на почетокот на новата театарска сезона премиерно ќе ја прикаже претставата „Огнен“.
Претставата „Огнен“ е од Горјан Милошевски, а во режија на Марио Стојаноски.
Сетанува збор за современа експлозивна претстава во која играат Давид Папазоски, Борче Василески, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Виктор Мирчески.
Сценографијата е на Марин Димески и Давид Јованоски, костимите на Марија Попоска, додека изборот на музиката го направи режисерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.